Британските медиуми јавуваат дека турските судски власти суспендирале уште 184 судии и обвинители со цел да ги „искоренат приврзаниците на имамот Фатула Ѓулен“, кого го обивнуваат за организирање на неуспешниот пуч.
Турска државна агенција Анадолија наведува дека 184-те судии и обвинители се суспендирани заради користење на апликацијата за размена на пораки „БиЛок“.
Претставници на турската разузнавачка служба идентификувале 56.000 корисници на оваа мрежа која, како што тврдат, од 2014 година ја користат и следбениците на Ѓулен.