![Ben valas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Ben-valas.jpg?resize=653%2C410&ssl=1)
Британскиот министер за одбрана Бен Валас во четвртокот во писмо до премиерот Риши Сунак ја потврди својата оставка, најавувајќи дека и натаму ќе ја поддржува владата но и предупредувајќи дека одраната не смее да се смета за „дискрециски трошок“.
Британаската влада за нов министер за одбрана го именуваше поранешниот министер за енергетика Грант Шепс.
Бен Валас, кој беше голем заговорник на воената помош за Украина во нејзината војна против Русија, кон средината на јули најави дека ќе се повлече од министерската должност при наредната реконструкција на владата по четирите години минати на оваа должност. Валас, исто така, најави дека на следните парламентарни избори нема да се кандидира, бидејќи сака да се знанимава со други работи.
Педесет итригодишниот Бен Валас ја имаше една од водечките улоги во испраќањето голема западна воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февраури 2022 година и е голем поборник за зголемување на издвојувањато за војската. Како потенцијален кандидат за должноста генерален секретар на НАТО не ја доби поддршката од САД на самитот во Вулнус во јуни, па на Норвежанецот Јенс Столтенберг уште еднаш му беше продолжен мандатот, за една година.
Популарниот министер заминува на незадовлство на дел од Конзервативната партија. Во своето официјално писмо со остаквата, Валас повторни ја повикува владата да не ги кастри средствата за одбраната.
„Министерствтоо за одбрана повторно е на патот да стане светска класа, со службениците од светска класа. Знам дека се согласувате со мене дека не смееме да се вратиме во деновите кога владите одбраната ја сметаа за дискрициски трошок, и штедеа на овој сектор“, напишал меѓу другото Валас во писмото до премиерот Сунак.