Со два медала освоени на 1.500 и 5.000 метри, Кенијката Фејт Чепнгетич Кипјегон е една од хероините на Летните олимписки игри во Париз, но се соочи со срам во својата татковина.
Според извештаите на локалните медиуми, аматерската статуа на 30-годишната спортистка облечена во маица со кениско знаме набрзина била отстранета откако жителите се пожалиле. Статуата, поставена на кружниот тек во Елдорет, ја прикажува спортистката во спринтерска поза, како држи нешто што изгледа како мачета – далеку од стандардниот приказ на олимпискиот победник.
Толкувањето на уметникот предизвика бран од хумористични реакции на интернет. Корисниците на социјалните мрежи ја исмеваа статуата како шега, некои ја нарекоа срам, додека други повикаа на апсење или кривично гонење на „скулпторот“.
Кипјегон влезе во историјата на Игрите во Париз кога стана првата жена која освоила три последователни олимписки златни медали на 1500 метри, соборувајќи ја границата со нов олимписки рекорд од 3:51,29 минути, откако Кенијката првично беше дисквалификувана за наводно туркање со Етиопјанката Гудафа Цегај.