„Отворен Балкан“ го затвори патот од „Св Стефан“ до Љубаниште

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува жителите на Охрид дека денеска (08.06.2022), за редовен сообраќај привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св.Наум.

Привременото затворање ќе започне во 15 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св.Стефан“ сѐ до туристичкиот комплекс „Св.Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.