Филмскиот фестивал во Кан официјално започна во вторникот вечерта кога славните личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот „Grand Theatre Lumiere“ за да ѝ оддадат почит на холивудската актерка Мерил Стрип, на која ѝ беше врачена почесната Златна палма.
На актерската екипа на француската комедија и воведниот филм на фестивалот „Вториот чин“ се приклучи и годинашното жири предводено од американската режисерка Грета Гервиг, чиј гфилсмки хит „Bаrbie“ заработи повеќе од милијарда долари.
Пред церемонијата, францускиот пејач Зао де Сагазан го изведе безвременскиот хит „Modern Love“ на Дејвид Боуви во чест на црно-белата танцова сцена од филмот „Frances Ha“.
Публиката со овации ја поздрави добитничката на почесната награда Мерил Стрип, а на сцената ѝ посака добредојде на француската актерка Жилиет Бинош.
„Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во филмскиот свет. Ни дадовте нова слика за нас самите“, рече Бинош.
„Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице“, рече Мерил Стрип.
Стрип, чија долга листа на филмови ги вклучува „Смртта ѝ одговара“, „Мама Миа!“ и „Железната дама“, ги наброја многуте луѓе на кои сакаше да им се заблагодари.
Како што претходно соопштија организатирит Стрип ја доби почесната Златна палма на церемонијата на отворањето на 77-от Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, сопштија организаторите.
Годинешното издание на Канскиот фестивал ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма се во официјалната конкуренција за Златна палма.
Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно студиото „Gibli“ на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.