Новиот објект „Детелинка“, во рамките на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово беше отворен во средата, а станува збор за адаптиран простор за згрижување на 62 деца, на возраст од 9 месеци од 6 години. Објектот со три занимални и други пропратни простории е на површина од 348 квадратни метри.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во нејзиното обаќање потенцираше дека ова е уште еден конкретен чекор за зголемување на опфатот на деца во предучилишни установи во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789.000,00 денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1.513.112,00 денари за опремување на просторот. МТСП исто така обезбедува средства за редовно вршење на дејноста во овој објект преку блок дотации.