Телевизијата „Даск“ во Холандија е прва телевизија која воведе порно ТВ канал за жени.Пред, медиумските претприемачи Матијн Брерсма и неговиот пријател да го основаат овој ТВ канал, ги испитувале Холанѓанките и откриле дека 60 отсто од нив, гледале порно филмови. Тогаш одлучиле да им понудат решение и го основаа ТВ каналот „Даск“ кој ќе работи 24 часа во неделата.
Преку Интернет е основан одбор од околу две илјади Холанѓанки кои ќе можат да ги дадат своите сугестии и кои ќе учествуваат во правењето на програмата. За содржините кои ќе ги емитуваат го воведоа терминот „порна“ за да им дадат женски призвук.
Програмот треба да започне со емитување и во САД и во првите три месеци идната година. Дали ќе постигне успех и надвор од Холандија останува да се види. Имајќи предвид дека постои одбор во кој членуваат исклучиво жени, тоа нема да биде обичен порно канал за жени, туку пред се канал со еротска содржина кои поголем број од жените сакаат да го гледаат.
Не само што жените како гледачи ќе ги испраќаат своите впечатоци на директорите на телевизијата, туку ќе влијаат и на содржината.