Отворена детска градинка во општина Сарај

Во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес беше отворена детска градинка во општина Сарај.

Министерот Спасов посочи дека станува збор за голема инвестиција на министерсвото за труд и социјална политика  со која се реализира  дадено ветување на граѓаните  во Сарај.

Спасов: Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари
Спасов: Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари

Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари за  изградба на овој објект кој што е започнат пред неколку години, но денес го отвораме што се создава капацитет за згрижување на 100 деца на оваа општина, рече Спасов.

Тој додаде дека министерството и понатаму ќе продолжи со инвестиции за изградба на детските градинки низ целата држава каде што има потреба за создавање на вакви капацитети со цел задоволување на потребите и на родителите и на децата во државата.

Отворена детска градинка во општина Сарај
Отворена детска градинка во општина Сарај

Инаку, ова е 9-та градинка која се отвора годинава, додека во изминатиот период отворени се над 40 градинки на територијата на цела држава.