Mајките кои сe на породилно отсуство испраќаат отворено писмо до министерството за здравство, за труд и социјална политика, Комисијата за зразни болести и Владата.
„Со оглед на тоа дека се наоѓаме во најголемиот и најстрашниот бран на корона вирусот од почетокот па до денес… во кој што се потешки клинички слики се јавуваат и кај најмалите за разлика од претходните бранови, а намалениот број на групи и деца во градинките не доведува во една незавидна ситуација во која нема каде да ги згрижиме нашите бебиња за да се вратиме непречено на работните обврски“, се наведува меѓу другото во обраќање.
Мајките предупредуваат дека станува збор за група популација којашто најмногу има потреба од туѓа грижа и заштита. Посочуваат притоа и на недоволните капацитети за сместување на најмалите деца.
„Имено голем е стравот за најмалите, најмилите, најнезаштитените. Поради тоа ние мајките, кои сме на породилно отсуство бараме решенија за оваа ситуација. Малкуте места во градинките, но и не сигурноста во истите не носат кон тоа да се продолжи платеното породилно отсуство, додека не се среди малку ситуацијата- како моментално решение додека помине бранот. Дополнително, да се разгледаат можности за проширување на капацитетите на градинките, како едно трајно решение“, стои во нивното отворено писмо.