Во тек се градежни активности за менување на покривот на ОУ „Петар Здравковски Пенко“.
Старите ребрасти салонитни плочи се заменуваат со пластифициран лим. покривот се менува фазно за да може да се интервенира ако случајно заврне. Вредноста на новиот покрив ќе изнесува 3 милиони денари
Паралелно со работите на кровот, се работи и на новата фасада на училиштето. Новата димит фасада ќе биде енергетски ефикасна, а ќе бидат сменети и оштетените дотраени прозорци.
Вредноста на проектот за фасадата изнесува 3,6 милиони денари.
Изведувач на работите е градежната фирма ГИВ „Инженеринг“ од Скопје.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.