Ова е балканската Ибица – на Зрче „гори“!

Хрватската плажа Зрче, која последниве години е позната како балканска Ибица е вистинското место за одмор за вас доколку сте љубител на лудата забава, коктелите и лудувањето.

На Зрче со коктели и пиво се почнува од самото утро, а забавата не престанува во текот на целиот ден и ноќ. Тука има лудило до зори.

За лудата атмосфера на Зрче изминативе години се слуша на далеку.

И оваа година на Зрче „гори“ – врие од згодни момци и девојки кои се желни за забава.

zrce1

zrce2

Зрче плажата се наоѓа на островот Паг во Јадранското море, во близина на местото Новаља. Во 2003 година Зрче доби награда за најдобра плажа во Хрватска.

zrce3

zrce4

Секоја година на Зрче е вистинско лудило, а местото е вистинска атракција за младите кои кои се ненаситни за забава од целиот свет.