Ова е новата луксузна вила на Зоран Заев на Халкидики (ФОТО)

Бугарските портали „Биг5.бг“ и „Афера.бг“, медиуми кои претходно ги открија најголемите скандали на Бојко Борисов и предизвикаа масовни протести во Бугарија, објавуваат фотографии за кои тврдат дека се од вилата на македонскиот премиер Зоран Заев.

Според „Биг5.бг“, Зоран Заев купил вистински замок на Халкидики во северна Грција. Вилата е сместена во затворениот луксузен комплекс „Вили Агнати“, во првиот ред од крајбрежјето.

Во 2018 година, грчкото интернет издаение „Њуз.ин“ известуваше за имотот на Заев на Халкидики, но, тогаш стануваше збор за куќа на три ката каде во Неа Мудања, како што тогаш информираа грчките медиуми, Заев често ги прима своите гости од целиот свет, а често и гости од Косово и Македонија.

Според локалното население, пренесува „Биг5.бг“, последен пат Заев бил во својата тврдина на Халкидики пред неколку месеци – поточно во август годинава. Тамошните медиуми тврдат дека куќата е регистрирана на име на компанијата на братот на Зоран Заев – Вице Заев.

Во затворениот комплекс „Вили Агнати“ има уште четири вили како онаа на Заеви, но ниту една нема свој приватен базен каква што има вилата на македонскиот премиер.

Сите четири вили се наоѓаат во прв ред, на плажа, но се затскриени од копно па се гледаат само од море. Вилата на Заев, пишува „Биг5.бг“, може да се забележи само ако знаете која вила ја барате меѓу густата вегетација која служи како скривалиште од љубопитни погледи.

Новиот имот на Заеви се наоѓа на самиот крај на Касандра, кој е првиот од трите краци на полуостровот Халкидики. Куќата се наоѓа близо до новиот бар-хотел и марински комплекс „Мираџио“ веднаш наспроти Ситонија.

Според локалното население, пренесува „Биг5.бг“, Заев секое лето барем еден месец поминува во овој дел од Грција.