Редакцијата на Нетпрес успеа да дојде до оргинален примерок на т.н. Тиранска платформа. Документот е на англиски јазик и Нетпрес го објавува без превод, во оргинал.
Нашите информации велат дека т.н. Тиранска платформа воопшто и не постои на македонски јазик, туку само на албански и на англиски јазик.
Во измантиов период се крена голема прашина во македонската јавност околу платформата, а овој документ дополнително ја продлабочи политичката криза во Македонија.
Токму од тие причини Нетпрес се потруди и успеа да дојде до оргиналниот документ, за јавноста во Македонија сама да има увид во она што македонските политички партии од албанскиот блок го договорија и потпишаа во Тирана, и бараат да биде формирана влада само со онаа политичка партија која во целост ќе ја прифати и потоа примени т.н. Тиранска платформа.