Оваа влада го затвори Интернистичкиот ургентен центар на токсикологија во Скопје

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека оваа Влада го затвори Интернистичкиот ургентен центар на токсикологија и прашуваат дали ова се тие европски вредности и модернизирано здравство?

„ОВАА ВЛАДА ГО ЗАТВОРИ ИНТЕРНИСТИЧКИОТ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, ОВА ЛИ СЕ ТИЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И МОДЕРНИЗИРАНО ЗДРАВСТВО?!

Пациентите реагираат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ дека подолг период се препраќани од Ургентниот интернистички центар кој функционира при Клиниката за токсикологија и не им се обезбедува оваа здравствена услуга со образложение дека “повеќе од две години не биле ургентен интернистички центар”

Го прашуваме министерот Фатмир Меџити со која одлука или писмен акт е ова укинување на Ургентниот интернистички центар

Доколку пак не е укинат, зошто пациентите на минусни температури се препраќаат од една во друга установа, без да ја добијат соодветната здравствена услуга

Ова ли се тие европски можности, модернизација на социјални и здравствени политики што напразно и денес ги повторува министерот Меџити

Зајакнување на јавното здравство ли е и затворањето на цели специјалистички оддели низ државата

Полни им се устите со транспарентност, но празни останаа дадените ветувања за подобар живот, а посебно со затворање на клучни центри како Ургентниот интернистички центар, како и цели специјалистички оддели“, стои во нивниот пост на Фејсбук.