Одигра 11 меча вкупно во Суперлигата и во Купот на Турција минатата сезона, а доби минутажа и на четири од евро-квалификациите ова лето, но со оглед дека неговиот договор со Адана трае до 2027 година, Турците решиле веднаш да го пратат на калење во Осиек. Релацијата меѓу двата клуба е јасна, ако се знае дека Адана го елиминира Осиек ова лето од квалификациите во Конференциската лига.
Тој стекна репрезентативен статус оваа година, во мартовската сесија, кога игравме со Малта и со Фарски Острови, а дебитираше токму на пријателската со островјаните, кога влезе пред крајот на мечот.
Последен македонски интернационалец кој настапуваше во Осиек беше Музафер Ејупи, до крајот на сезоната 2018/19, а пред него играа уште и Милован Перовиќ, Горан Тодорчев, Миле Тодоров и Тодор Тодороски.
https://twitter.com/nkosijek/status/1699105113304969665?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1699105113304969665%7Ctwgr%5Efa78c927c49ac381c585cfc496a1c5e59b7d4d44%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24fudbal.mk%2Fvesti%2F58576%2Foficijalno-jovan-manev-na-pozajmica-vo-osjek