Јовановски: По сите национални предавства на Заев, не може да се има доверба во регуларноста на пописот

Јас поставив прашање многу коректно без тенденција дали сметате дека пописот треба да се одржи токму сега и добив не вообичаено многу коментари и сите коментари беа во насока дека попис сега не треба да има, не само поради корона вирусот, туку условно речено поради Заев вирусот, затоа што народот национално е изгорен од оваа политичка елита на СДСМ, вели колумнист, правник и твитерџија Зоран Јовановски во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Јовановски, вели дека по сите национални предавства од страна на Заев граѓаните со право се скептични кога треба да се регулира некое прашање кое што ги тангира националните интереси, посочувајќи дека пописот не е само статистичка операција туку е прашање од кое што ќе зависат натамошните политики и развој на државата.

„По сево ова што ни се случи, после сите овие национални предавства што ни се случија во изминатите четири години сега народот е скептичен, и тоа со право, кога треба да се регулира некое прашање кое што ги тангира националните интереси, а тезата дека пописот е само статистичка операција не е образложение.Од резултатите од пописот ние треба да знаеме колку проценти треба да има хирурзи во државна болница, независно од тоа дали има или нема кадар“, објасни Јовановиски.

Притоа нагласи дека ја поддржува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот на попис и запирање на неговото проведување.

„Апсолутно ја поддржувам. Јас дури лично сметам дека треба да се бојкотира пописот поради недовербата кон политичката елита на СДСМ“, рече Јовановски.