Јовановски за Арсовска: Ви се смее, во очи ве гледа и дрско лаже (ВИДЕО)

„Ви се смее, во очи ве гледа и дрско лаже“, пишува на Фејсбук Ленин Јовановски од Слобода превоза за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„На прашањето на новинарот дека во кампањата се возеше со приватен автобус без срам и перде му реплицира: „Напротив, се возев со автобус на ЈСП Скопје”.

А еве на протестите видете го и автобусот (со рег.табл. и гаражен број) и возачот од Слобода превоз и сите други кои ги лажеше. Сега по 33 години работа и нив ги остави без пари, а Скопјани без превоз кој сега и за пари го нема.

Погледнете дел од нејзините патолошки лаги“, вели Јовановски.