Продолжуваме со темпото на асфалтирање улици и рехабилитација. Тоа што го започнавме пред неколку месеци, веќе сме достигнати на 40 илјади квадратни метри асфалтирани улици, рехабилитирани, коишто овој втор реон којшто моментално го гледаме го зафаќа и просторот каде што е лоциран и домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ и тоа е од огромно значење бидејќи досега со години овде имаше само дупки и оштетени позиции, неасфалтирани делчиња коишто навистина во кратко време успеавме да ги рехабилитираме, рече Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп.
„На половина сме од проектот, бидејќи имавме проект со програма да бидат околу 80 илјади метри квадратни и со тоа докажуваме дека динамиката на работа е навистина на најбрзо ниво.
Второ нешто коешто денеска исто така во Прилеп вреди да се пофалиме е воведот во работа пред неколку денови на новиот водовод во населено место Канатларци, каде што во должина од 2.100 метри имаме нов довод на вода и реконструкција и обнова на старите бунари и реконструкција, односно изградба на нов бунар со пумпни станици.
Со тоа капацитетот на водоснабдување конечно после долги години ќе биде на задоволително ниво, со некаде околу 9 литри во секунда за разлика од досегашните едвај 4 литри коишто навистина за тоа населено место им беа недоволни, посебно во летните денови, бидејќи местоположбата на Канатларци е таму каде што е и тоа е навистина едно сиромашно место за природен доток на вода, а и поголемиот прираст на население, којшто од година во година се зголемува, сега е околу 1.200 жители, и тоа е за поздравување во секој случај, бидејќи наталитетот и тоа како ни значи во нашата општина. Јас воедно би сакал и да им го честитам вчерашниот прв ден на првачињата, но и за почеток на школската година на сите ученици и нешто кое што можеме со гордост да го потенцираме е дека локалната самоуправа одвои од буџетот сума која што е за 664 дечиња обезбеден оброк со здрава храна и со тоа го подобруваме и квалитетот на живеење и условите каде што новите првачиња влегуваат во за нив една нова средина. Воедно јас би го спомнал и денешниот, односно почетокот беше од вчера, ги поканувам сите граѓани како од Прилеп, така и од другите градови во Македонија, во Прилеп имаме одлична манифестација, а тоа е фестивалот на пивото каде што во огромен број синоќа, а и денеска и утре го продолжуваме со добра скара ладно пиво, музика и добро расположение“.