Jавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинтелства. Како што пишува Алсат во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“. Од СЈО велат дека предметите не можат да застарат, освен оние предмети со кратки рокови, што истекувале и кај нив, се вели во текстот.
Според обвинителката Фатиме Фетаи, не е важно кој ќе ги води предметите.
Таа одлука би била подобра од било кое друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментов, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое што ќе значи целосно или делумчно одегнување на кривичната одоговрост“, рече обвинителката Фетаи.
Лидерот на СДСМ Заев смета дека предметите од СЈО е логиично да бидаат преземени од ЈО. Опозицијата пак смета дека правата на специјалната обвинителка Катица Јанева се суспендирани и таа не може да ги предаде предметите во ЈО.