„Во тек е акција за детално читење на сите зонски и затворени паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена“ и Општина Аеродром. Неделава вработени на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје заедно со вработени во другите јавни претпријатија, спроведуваат акција на расчистување на паркиралиштата од смет, дотраени суви гранки и паднати лисја, а се изврши и детално водено перење со цистерна од страна на ЈП „Комунална хигиена“, соопштија од претпријатието.
Додаваат дека во акцијата, опфатени се сите зонски и затворени паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје, а во наредните денови детално чистење ќе се спроведе и на паркиралиштата: Клинички центар „Мајка Тереза“ и Водно- зона А0.