Во текот на изминатите два дена, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 300 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.
Активностите се одвиваа во општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во општината Бутел – на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето.
Екипите на Претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата Максут Садик во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни.