Пад на гласачите во Австралија за 98 oтсто

Огромен пад на пријавени и излезени на гласање македонски државјани кои се во Австралија е забележано за референдумот и според неофицијалните податоци, падот е речиси 98 отсто во центрите Мелбурн и Канбера, споредбено со излезноста за парламентарните избори во 2016 година.

На избирачкото место Мелбурн во 2016 година биле пријавени 1.111 гласачи од кои правото на глас го оствариле 527 лица. Годинава, за гласање на референдумот биле пријавени 104 гласачи, а на гласање излегле само 7 од нив. Ваквите бројки говорат дека падот на пријавени гласачи е 91 процент, а падот на излезени граѓани на гласање е од 98 отсто.

Слична е и ситуацијата во избирачкото место Канбера.

Во 2016 година за гласање биле пријавени 696 лица, додека сега се пријавило само 71 лице, што е пад на пријавени од 85 проценти.

На гласање излегле 327 гласачи во 2016 година, додека денес своето право на глас го оствариле само 6 гласачи, што е пад од 98 проценти.