-3.2 C
Skopje
петок, ноември 22, 2024

Пад на рејтингот на јапонскиот премиер Кишида

Рејтингот на јапонскиот премиер Фумио Кишида е на најниско ниво откако стапи на должност поради поврзаноста на неговата партија со контроверзната црква и трошоците за државниот погреб на неговиот претходник Шинѕо Абе.

Според резултатите од анкетата поддршката за Влада изнесува 41 процент, додека според претходното истражување беше 47, а во јули 57 отсто.

Анкетата нарачана од весникот „Асахи шимбун“ покажува дека е зголемен и бројот на Јапонците кои се против Кишида од 39 на 47 проценти.

Поврзаноста на Кишида со Црквата на обединување на Мун, формирана во 50-тите години од минатиот век во Јужна Кореја, го намали неговиот рејтинг по атентатот на поранешниот премиер Абе. Тој беше застрелан на 8 јули, кога обвинетиот за нападот го обвини Кишида дека ја поддржува црквата што ја доведе неговата мајка до банкрот.

Поголемиот број Јапонци исто така не ги одобруваат големите трошоци што се предвидени за државниот погреб на Абе, што ќе се одржи на 27 септември.