Гугл има проблеми со функционирањето, што погоди илјадници корисници ширум светот.
DownDetector покажува дека проблемите настанале во текот на денот, кога корисниците забележале дека имаат потешкотии со пребарувањето на веб-страницата и Google Drive.
Корисниците во САД, Велика Британија, Австралија, делови од Европа и Азија пријавија проблеми со услугите на технолошкиот гигант.
Сè уште не е познато што го предизвикало проблемот, ниту пак колку корисници биле погодени од прекинот на Гугл.