![sneg slovenija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/sneg-slovenija.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Снегот освен во соседна Србија и ски центарот Копаоник, пристигна и во нашата земја.
Имено утрово забели ски центарот Попова Шапка, а Шар планина заблеска во сиот свој сјај.
Снегот таму се спуштил и до 1800 метри надморска височина, а најниската температура достигнала 0,3 степени.
Сепак снегот ќе се задржи кратко, бидејќи според метеоролозите повторно ни доаѓаат топлите денови, особено за време на викендот.