Паднаа во вода обвинувањата за 150.000 непостоечки гласови

Целосно паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата и самото раководство на СДСМ за 150 илјади непостоечки гласови, пишува порталот „Денешен“.

Според последните информации до кои дојде порталот од извори во истрагата, СЈО навело имиња на околу 1.000 лица, македонски државјани кои биле на избирачките списоци во Скопје, Кичево и Ресен.

Манипулацијата со која што Заев сака да го оспори легитимитетот на ВМРО ДПМНЕ паѓа во вода

Разликата во освоените гласови меѓу владејачката  ВМРО ДПМНЕ и опозициската СДСМ во континуитет се движи од 150.000 до 200.000 гласа разлика. На пример, по вториот круг од претседателските избори 2014 година кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов доби 534.910 гласа, наспроти 398.077 гласа за Стево Пендаровски. Тоа е разлика од 136.833 гласа, или во превод би значело дека според обвинението на СЈО таа разлика ќе изнесувала 135.833 гласа, односно 1.000 гласа помалку.  И за локалните избори разликата е слична.

За парламентарните избори разликата 197.660 гласа. Според бизарното тврдење на СЈО, осомничените вметнале во список 1.000 имиња, односно таа разлика ќе била 196.660 гласа. Само 1000 гласа, а не како што претходно според дел од медиуми СЈО тврдеше 1.400 биле спорни за обвинителството. Овие бројќи би биле вака, доколку сите овие наводно оспорени гласови заминале на контото на ВМРО-ДПМНЕ.

Свесни за овој факт, сценаристите кои го пишувале договорот намерно ја изоставиле бројката од 1.000 лица, бидејќи со тоа знаеле дека целата манипулација со која што Заев сака да го оспори легитимитетот на ВМРО ДПМНЕ и да избега од избори паѓа во вода.

Обвинувања за украдени 150.000 гласови

Во низа свои изјави досега, главните опоизицициски претставници како Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Петре Шилегов и Стево Пендаровски  обвинуваа дека им бил украдени од 80 до 100 илјади гласови, додека Пендаровски говореше и за 150 илјади.

Опозицијата располага со докази дека ВМРО-ДПМНЕ украла најмалку 150.000 гласови на последните избори, изјави Пендаровски.

Експертите веќе коментираа дека сомневањата на СЈО се апсурдни и неиздржани, кои наместо правна поткрепа имаат полтиичка фунција. Баналните постапки на СЈО наидоа и на остра осуда на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат дека Јанева и СЈО работата по директива, а не по закон.

anketa1-2-630x355

Граѓаните реагираат на нелогичностите и велат дека гласот на народот мора секогаш да се слуша:

„Не може со 200.000 гласови да погрешиш, можеш да речеме да се 10.000 ама 100.000, 200.000 тоа се многу. Беше регуларно, најрегуларно. “

„Регуларни избори и регуларна победа беше и сега пак ќе победат.“

„Регуларни беа и гласот на народот секогаш треба да се слуша, не знам што е тука спорно.“

Од друга страна барањето на Специјалното обвинителство за покренување на истрагата има сериозни недостатоци и пропусти и се базира на стаклени нозе и е без докази. Во суштина целото барање на Специјалното јавно обвинителство за покренување на истрага се потпира на гласини и впечатоци добиени од незаконско прислушкуваните и стекнати материјали кои пак судот ги исклучи како незаконски стекнати кои не можат да служат како доказ.

Граѓаните остро реагираат на ваквото однесување на Катица Јанева и нејзиниот тим од обвинители. Тие се револтирани од незаконското постапување и преку социјалните мрежи  испраќаат пораки дека СЈО не работи според законите и уставот, туку по нечија агенда која е повеќе во корист на политичка партија отколку за она што е наменета. Тие воедно се подбиваат со тврдењата на СЈО:

komentari-5 komentari (1)  koemnatri-3 koemntari-4 sjo-komentari sjo-komentari3 sjo-komentari4 sjo-komentari5 sjo-komentari6 sjo-komentari7