Паѓа невработеноста во Грција

Невработеноста во Грција се намалува, иако бавно, соопшти грчкиот Завод за статистика.

Во септември невработеноста паднала за 2,2 проценти на годишно ниво, пренесуваат грчките медиуми. Во септември годинава, невработеноста во Грција изнесува 18,6 проценти, во споредба со 20,8 отсто во истиот месец минатата година.

За првпат невработеноста падна под 20% во мај, 2018 година. Пред само една деценија, 7,3 отсто од работоспособните Грци беа официјално регистрирани како невработени.