Нацрт верзиите на пакет закони од областа на животната средина се достапни на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Со цел и јавноста да се вклучи во нивното донесување ќе бидат организирани и две јавни дебати.
Од ресорното Министерство информираат дека јавните дебати ќе се одржат на 17 декември во Стопанската комора и на 18 декември во Клубот на органи на државната управа.
Станува збор за нацрт верзиите на законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, законот за управување со пакување и отпад од пакување, законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителот.