Палестинците уште еднаш го критикуваа нормализирањето на арапските односи со Израел

Палесинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики во неделата на состанокот на Организацијата за исламска соработка (OIC) уште еднаш остро ја критикуваше нормализацијата на односите на некои арапски земји со Израел, а членките на организацијата израелските напади во Појасот Газа го нарекоа „варварски“.

„Нормализацијата… со овој израелски колонилијен систем, нез постигнување мир и без запирање на израелската окупација на арапските и палестинските области, преставува поддршка на режимот на апартхејд и учество во неговите злосторства“, изјави ал-Малики на итно својаниот вируелен состанок на OIC.

Во заедничката изјава на Организацијата за исламска соработка „најостро се осудуваат варварските бападио на Израел врз палестинскиот народ, на нивната земја и светите места“.

Организацијата повикува на запирање на сите непријателства во кои страдаат цивилите и кои го зголемува „ризикот од нестабилност“ во регионот.

„Израелските напади на Појасот Газа и репресалиите над демонстрантите во источен Ерусалим, кои се побунија против можните присилни деложации на палестинските семејства во полза на израелските доселеници, може само да ги посрамат новите арапски партнери на Израел и да ги поттикнат да го осудат насилството“, се додава.

Едан година по потпишувањето на договорот за нормализација на односите со Израел, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко се принуден да узвојат критичка реторика во моментов кога муслиманите го пославуваат крајот на светиот месец на постот Рамазан.

„Мореме да се соочиме со израелската окупација. Мораме да ја зареме и забраниме. Неодамно потигнатата забрзана нормализација на односите нема да влијае врз чувствата на луѓето во арапскиот свет“, реле ал-Малики.

Државната министерка за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Реем ал-Хашими, која учествваше во работата на организацијата, само воопштено повика на прекин на насилствата.

Договорите за нормализација на односите со Израел, кои Палестинците ги оценика како „предавство“, го нарушија арапскиот консензус според кој ниеден договор со еврејската држќава не е моженио доколми претходно не се реши израелско-палестинскиот судир.

Саудиска Арабија, како домаќин на овој состанок на OIC, ја отфрли можноста за каква и да е нормализација на односите со Израел без претходно решение на палестинското прашање. Ланскиот ноември американски и израелски медиуми објавија дека израелскиот премеир Бенјамин Нетанјаху во најголема тајност допатувал во Ријад и се сретнал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во обид за постигнување договор за нормализација на односите.

Саудската монархија своевремено наведе деа засега не разгледува можна нормализација на односите со Израел, истакнувајќи дека прво треба да се реши Палестинското прашање. Меѓутоа, лани суадиските власти првпат им дозволија на израелските воздухопловни компании да слетуваат и да прелетуваат преку нивната територија кон новите дестинации во Персискиот залив и Азија.

Шефот на саудиската дипломатија Фејсал бин Фахрене ја повика во неделата меѓународната заедница на „итно дејствување“, додавајќи дека „зачувањето на Ерусалим е одоговорнос за сите нас“.

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади го обвини Израел дека „целиот регион го турка кон поголеми тензии“, истакнувајќи дека раселувањето на жителите на квартот Шеик Џара во источен Ерусалим на чии домови право полагаат еврејски семејства вио преставуало „воено злосторство кое меѓународната заедница не би смеела да го дозволи“.