Палестинец убиен пред пред почетокот на протестот на границата со Израел

Неколку часа пред почетокот на протестот на границата со Израел, израелските безбедносни сили убиле еден Палестинец, соопшти палестинското министерство за здравство во енклавата Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека 21-годишниот Мухамед Сад бил убиен во камп во близина на граничната ограда. Засега нема коментар од армијата на Израел.

Убиството се случило неколку часа пред почетокот на протестот на Палестинците на границата со Израел, кој редовно се одржува веќе една година поради израелската блокада на Појасот Газа.