Демократската унија за интеграција (ДУИ) и лидерот Али Ахмети се под уцена од СЈО и притисок од американската амбасада од Скопје да коалицираат со СДСМ. Ова беше истакнато во вчерашната емисија „Во центар“ на Васко Ефтов, каде гостин беше Љупчо Палевски, поранешен претседател на Градската организација на СДСМ.
Ефтов објави фотографии од средбите на Дејвид Стивенсон, кој е политички советник во американската амбасада во Скопје и кој доаѓа на таа фунција некаде јули 2015-та години, со потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и со Бујар Османи и Артан Груби од ДУИ.
–Тоа покажуваа дека делуваат на штабски начин, дека тие две политички партии под покровителство на господинот Стивенсон се подготвуваат за завршен удар, за формирање на таа коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ. Дали тоа ќе се случи? Јас тешко верувам или воопшпто не верувам дека е возможна една таква политичка разврска, но тоа не значи дека Американската амбасада нема да направи се’ да биде формираа таа влада помеѓу ДУИ и СДСМ, рече Ефтов.
Палевски смета дека целата координација е на политичкиот советник на Бејли.
–Тој е координаторот и да не кажам проект-менаџер на сите овие 67 потписи, рече Палевски за Стивенсон.
На ставот на Ефтов дека и оној условно речено „пуч“ што се направи во ДУИ, некаде 28-ми, 29-ти јануари што ескалираше сo неприфаќање да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, преку Теута Арифи го има одработено господинот Стивенсон, Палевски вели:
–Јас би бил уште подиректен, ДУИ се наоѓа под уцена од СЈО, има неколку предмети и СЈО буквално се користи за политички инженеринг и прекројување на политичката волја од избори.