Насилствата со подметнивање пожари и грабежи, во кои се прегазени и двајца полицајци во САД се повторија во понеделникот ноќта, седма ноќ со ред, и покрај претходните предупредувања на претседателот Доналд Трамп дека ќе ја употреби војската за да се сопрет насилните протести.
Претходно во понеделникот претседателот Доналд Трамп предипреди дека ќе ја ангажира војската за запирање на безредијата кои ги следат протестите за полициското насилството во Миенаполис минатиот понеделник, од чии последици умре афроамериканецот Џорџ Флојд.
„Градоначланиците и гувернерите мора да воспостават присуство на побројни сили за спроведување на редот за да се сопре насилството. Ако некој град или сојузна држава одбиваат да преземат акции кои се неопходни да се одбрани животот и имотите на другите граѓани, тогаш ќе ги распоредам силите на американската војска и бриз ќе го решиме проблемот“, рече Трамп во градината на Белата куќа.
По обраќањето Трамп од Белата куќа пешки мина низ областа која со водени топови ја расчисти полицијата до блиската Епископална црква, каде што држејќи ја во раката Библијата, се фотографираше со ќерката Ивана и со министерот за правда и државен обвинител Вилијам Бар.
Оваа црква инаку во понеделникот претходно беше опожарена во протеститр во Вашингтон. Но посетата на Трамп беше критикувана дека наводно со тоа „црквата и Библијата се користат во политички цели“.
Координираните безбедносни сили ги потиснаа демонстрантите од областа околу Белата куќа, која наведе дека се расчистува подрачјето пред почетокот на полицискиот час кој го воведе градоначалничката на Вашингтон.
Неколку часа подоцна започнаа протестите во њујоршки Бруклин, каде неколку илјади луѓе марширале извикувајќи „Правда сега“.
Телевизиските снимки прикажуваат демолирани излози и ограбени луксузни продавници по должината на Петтата авенија на Менхетен во периодот пред 23 часот по локално време, кога и во Њујорк на сила стапи полицискиот час. Полицискиот час, како што изјави градоначалникот Бил де Блазио, завршува во 8 часот утрото.
На протестите во Бафало, во сојузната држава Њујорк, двајца полицајци се прегазени од автомобил.
Во Холивуд толпа опустоши аптека, а потоа се нафрли на блискиот објект на „ Starbucks“ и уште два ресторана, пред да се разбега пред полоцијата. Во центарот на Лос Анџелес бил запален и стриптиз бар.