Палмер: Тоа што не се сретнав со Мицкоски не значи дека е некаква порака

Одлуката на 80 пратеници во Собранието кои гласаа за Договорот од Преспа има историско значење и го отвораат патот на европската иднина за Македонија и за македонскиот народ, рече заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД Метју Палмер, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

На средбата со премиерот Зоран Заев разговаравме за Преспанскиот договор, за неговата имплементација, за процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, како и за можностите за јакнење на соработката меѓу Македонија и САД. Македонија, македонскиот народ и македонските лидери може да сметаат на поддршката на САД, рече Палмер.

На прашањето зошто не се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Палмер рече дека при секоја посета треба да се направи распоред на времето како најдобро да се искористи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски испрати писмо до Вес Мичел, кое јас внимателно го прочитав. Тоа што не се сретнав со него значи дека е некаква порака, рече Палмер.

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД Метју Палмер се сретна и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на ДУИ, Али Ахмети, со лидерите на двете крила на Движењето Беса, Биљал Касами и Африм Гаши.