Американската актерка Памела Андерсон призна и за прв пат проговори дека била неколкупати силувана.
Познатата „Плејбој“ зајачица како дете била злоставувана од дадилката, па од постариот брат на пријателката, додека нејзиното прво момче ја присилило на групен секс.
– Имав 12 години кога постариот брат на мојата пријателка ме силуваше. Беше 13 години постар од мене. Почна со масажа на грбот, а заврши со насилство – изјавила актерката.
Таа открила дека дадилката ја злоставувала кога имала само шест години, а една година по првото брутално силување ја искористило и нејзиното поранешно момче, чие име не сакала да го открие.
– Собра шест свои пријатели и сите ме силуваа. Сакав да умрам од болка и од срам – рекла Памела и додала дека се надева, дека нејзиното искуство ќе им помогне и на другите, особено на младите во борбата против насилството.