Пандемијата на коронавирусот треба да се искорсти за поинаква економија, изјави во вторникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
„Со користењето на Европскиот зелен план како компас, можеме оваа криза на пандемијата да ја претвориме во можност за поинаква економија, да ја направиме поотпорна така на нашите дека да им оставиме подобро место за живеење“, изјави во видео-порака Урсула фон дер Лејен.
Челничката на Европската комисија истакна дека пандемијата го менува начинот на живеење поради мерките воведени за заштита на здравјето.
„Можеби ни недостигаат многу работи за кои се грижиме, но не ни недостасува загадувањето од автомобилите и сообраќајната бучава. Кога ќе го отвориме прозорецот можеме да вдишеме чист воздух“, рече фон дер Лејен.
Истакна дека по коронакризата не би требало да се враќа на старите животни навики, како и да се истрае на Европскиот зелен план, стратегијата за еколоши одржлив развој на економијата и општествата.
„Сега кога полека се враќаме на работа и инвестираме милијарди евра за покренување на економиите, би требало да го избегнеме враќањето на старите навики… Нашето општество и нашата планета можеме да ги направиме поздрави со инвестирањето во обновливата енергија, возејќи чисти автомобили, со реновинарање на нишите куќи така што ќе бидат енергетски поефикасни“, рече претседателката не Европската комисија.