![elif elmas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/elif-elmas.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа зима одлучи да ја продолжи професионалната фудбалска кариера во Италија.
Нашиот играч имаше мала минутажа во германскиот клуб Лајпциг, па сега негов нов предизвик е калчолигашот Торино.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев во интервјуто за Радио Лациале вели дека е добро што македонскиот „дијамант“ се реши да игра повторно на Апенините.
– Добро направи што се врати во Италија, мислам дека му е подобро во Серија А отколку во Бундеслигата – рече Пандев.
Инаку Елмас е испратен на позајмица во Торино до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Популарните „бикови“ во италијанскиот шампионат моментно се на 11 позиција по 24 одиграни кола.
Пред да се пресели во Лајпциг, Елмас настапуваше пет години за Наполи со кој беше шампион на Италија во сезоната 2022/23.