Пандев го пропушта мечот со Рома

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен Горан Пандев ќе го пропушти гостувањето на неговата екипа Џенова кај Рома во новата рунда на италијанската Серија А,а причина е физичката подготвеност.

Тренерот Давиде Балардини во последен момент мораше да направи промена. На дуелот со „римската волчица“ ќе мора да се соочи без македонскиот капитен и голманот Матија Перин.

Џенова нема победа на последните четири меча во Серија А. Тоа го доведува Балардини претпазливо да влегува во секој нареден натпревар, ако сака да обезбеди опстанок. Пандев има три гола во досегашниот тек од италијанското првенство.