Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен Горан Пандев со погодок во првото полувреме ја најави неверојатната вечер на македонската фудбалска репрезентација, која за првпат во својата историја го совлада гигантот Германија. Крајните 1-2 ќе останат запишани во историјата на овој спорт.
Пред почетокот на мечот, Гоче најави вакво сценарио, но тогаш за многумина беше неостварливо. Денеска капитенот и нашиот најдобар фудбалер се огласи на социјалните мрежи.
„Во фудбалот некогаш се случуваат чуда. Храбрите ги прати среќата. Со борба, верба и срце на терен оваа генерација заслужи и заслужува многу поголем РЕСПЕКТ“, пиша Пандев.