Пандев погоди за бодови за спас на Џенова

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев беше стрелец на победничкиот погодок за Џенова која на свој терен го пречека Калјари во 23-то коло од фудбалското првенство на Италија, и обезбеди за својот тим три бода значајни во настојувањата да се сочува статусот во Серија А.

Ова беше првата победа на Џенова во последните пет кола. Пандев беше стрелец во 43 минута, со прецизен погодок откосо од десната страна надвор од казнениот простор на гостите. Џенова сега има 19 бодови и е на 18-то место од кое се играат квалификации за опстанок, три бода помалку од 17-от Лече, Калјари е осми на табелата со 32 бода.

Лече пак направи големо изненадување совладувајќи го Наполи на негов терен со 3:2, постигнувајќи ја првата победа над овој клуб во последните девет години, и права на стадионот „Сан Паоло“ по 1998 година.

Гостите поведоа во 30 минута преки Џанлука Лападула, а израмни Аркадиуш Милик во 48 минута, но Лападула со својот втор погодок на мечот во 61 минута повторно му донесе предност на Лече. Чекор поблоски до победата гостите стасаа во 82 минута кога Марко Манкосо постигна прекрасен погодок од слободен удар во периодот на надмоќ на домашните. Хозе Каљехон успеа во 90 минута со „ножички“ успеа да го намали водството на гостите на 2:3, но Наполи немаше сила и да израмни во петминутното судиско продолжение.

Наполи и натаму е 11-ти на табелата со 30 бодови, а Лече е 17-ти со 22 бодови.

Бреша беше на чекор до победата против Удинезе, но гостите успеаја да израмнат во судиското продолжение. Домашните поведоа во 82 минута преку Димитри Бисоли, а израмни во 90 минтуа Родриго Паул. Бреша е претпоследна 19-та со 16 бодови, а Удинезе е 15-ти со 25 бодови.

Сасуоло со 2:1 оствари гостинска победа кај СПАЛ. Домашните поведоа во 24 минута со голот на Кевин Бонифаци, а потоа за гостите погодија Франческо Капуто во 66 минута од пенал, и во последните моменти од мечот Жереми Бога. Сасуоло се искачи на 12-то место со 29 бодови, а СПАЛ остана закован на дното со 15 бодови.