Пандов: Димитров веднаш да си поднесе оставка за нанесеното зло на државата.

Вицепремиерот за европскио прашања и досегашен министер за надворешни работи Никола  Димитров, па и целата влада,  треба веднаш да си поднесат оставка бидејќи многу зло нанесоа на државата, смета Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитров да имаше три чисти, да имаше малце образ ќе си поднесеше сам оставка. Како што конечно цела влада треба да си поднесе оставка. Затоа што главна работа и пред четири години, а и сега пре четири месеци на изборите беше дека да не ги говорам сите датуми кои што ги добивме заедно со Заев и Димитров, меѓутоа беше дека еве кај и да е ќе добиеме датум за преговори за ЕУ“, истакна Пандов во емисијата „Само Вистина“.

Додаде дека Димитров е најповикан во целата оваа работа, затоа што лажно ветувал дека наскоро Македонија ќе го добие датумот за почетокот на преговорите со ЕУ.

„Иако беше сто пати укажувано, и пред две, пред една година и сега дека од бугарската страна таа политика не е нова. За жал по македонскиот народ таа политика е над еден век, константна. Само дали Бугарија се чувствувала помоќна во даден период или послаба, па погласно ги артикулирала нивните амбиции“, појасни Пандов.

Панодво го обвини премиерот Зоран Заев дека е„ велепредавник“ и посочи дека треба да „одговара за сите свои постапки“.

„По навредите на Бугарија никој не реагира, ниту една институција не реагира“, нагласи Пандов.