Законот кој што е предложен од страна на ВМРО-ДПМЕ, пратеничката Рашела Мизрахи го има предложено, би одземал право во идно време на ред разно негативни невладини организации или граѓански здруженија да се регистрираат. Но, што е најважно и што е најактуелно кај нас, тоа се здруженија кои што имаат име и презиме, или прекар кои што асоцираат на фашисти, соработници на фашисти итн. СДС дозволи да се регистрираат такви здруженија, последното што беше регистрирани е Цар Борис Трети“, истакна Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Пандов потсети дека има слики и снимки како тој Цар Борис Трети се ракува со Адолф Хитлер. Цар Борис Трети е човек кој што е докажан фашист. И здружение со такво име во Македонија не смее да има. Околу 20.000 македонски граѓани го губат својот живот поради Цар Борис Трети. Околу 7.200 Евреи од Македонија се испратени во Треблинка.
„Јас сум зачуден зашто актуелната Влада зошто не реагира на Бугарите. Ај што не забрани регистрирање на такво здружение, туку зашто Владата веднаш не изреагираше. Власта чекаше неколку месеци, чекаше ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог закон, па тие да поднесат. Потребно е да се забрани веднаш формирање на таков вид на здруженија“, рече Пандов.
Посочи дека може да се забележи од официјални претставници, министри од Бугарија како постојано го негираат македонскиот народ, историја и посебност. Но, за жал тоа е така бидејќи премиерот Зоран Заев го потпиша Договорот за добрососедство.
„Така ќе биде се додека немаме парламентарни избори, јас се надевам на предвремени. И на тие избори ќе ја смениме оваа власт. А, 2024 година се надевам дека Стево Пендароски ќе го испратиме во историјата“, појасни тој.