Апсолутно го поддржувам унгарскиот закон со кој децата се бранат од пропаганда, овој пат ЛГБТ пропаганда, вели активистот Сашо Панговски oд движењето Бојкотирам. Додава дека општеството пропишало статус малолетник и полнолетство, а за малолетниците до полнолетство се одговорни нивните родители и во нивно име решаваат многу работи, од банални до комплексни како на пример – што ќе јадат, кај ќе живеат, кај ќе одат во школо, колку време ќе поминуваат на компјутер, итн.
-Според овој закон кој е така направен за да се заштитат малолетниците од несакани работи со што нивниот живот се става под закрила на најблиските и одлуките кои малолетник ги носи се одобрени/одбиени од неговите родители, апсолутно право на родителот е да ОДБЕРЕ што е најдобро за неговото дете во даден момент од неговиот малолетнички живот. Државата НЕ СМЕЕ да промовира и рекламира сексуални опции на деца. Тоа се нарекува сексуална индоктринација. Асексуално суштество ( какво што е детето во поголемиот дел од периодот кој го викаме малолетност ) не смее да биде ставено пред сексуални избори и опции пред да може да осознае самото, што тие значат и претставуваат. НИКОЈ ниту може ниту смее ниту ќе му забрани на 19 годишно момче или девојка, да посети семинар на кој се пропагира било што. Тоа е негова полнолетна одлука. Да седнеш 6-годишно дете во клупа и да му кажуваш дека постои секс меѓу двајца од ист пол е непотребно и безобразно, имајќи во вид дека децата немаат концепт за тоа што е секс. Децата се раѓаат асексуални и без предрасуди, предрасудите ГИ учат од нас а за сексуалноста се грижи природата. Подложување на деца на хомосексуална, хетеросексуална, транссексуална и било каква несексуална пропаганда е злосторство кон човештвото, а велиме децата се иднината. Школото е место за наука – пропагандата од секој тип НАДВОР ОД УЧИЛИШТАТА, вели тој.
Нашата генерација сама дозна кој што е и кој какви сексуални преференци има, додава Панговски, ниту не учеа на школо ниту ни кажуваа дека Љубовта е Љубов.
-Едноставно, природата си го најде патот. И ако оние кои сакаат да прават експерименти со моето и твоето дете велат дека хомосексуалец се раѓа а не се станува, оставете нека се родат онолку хомосексуалци колку што хромозомите и ДНК-та ќе одредат, зошто ако хомосексуалноста не може да се “научи”, чуму часови по неа???
Или сепак се учи?, прашува тој.