Пановски: Двојните токсични дози на сумамед се една од причините за големата смртност од ковид

Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Телма говорејќи за високата стапка на смртност како последница од ковид 19 во Македонија го наведе и препишувањето двојни дози на сумамед од страна на матичните лекари.

– Сите починати до декември беа претходно подготвени или самите или од матичните лекари со намален имун одговор да влезат во болница и да бидат плен на болнички бактерии. Бидејќи сите до еден, со ретки исклучоци, примаа двојни токсични дози на антибиотиците азитромицин (сумамед) без никаква логика. И за тоа никој не ги казни. Освен мене никој не ги опомена. Препишани се 10 пати повеќе дози од овој антибиотик во септември отоколку што имаше позитивни. И тоа така пројде. Фондот, кога му кажавме за тоа хистерично препишување, бројките се намалија  – рече Пановски.

Тој вели дека „Ние ја препишуваме западната медицина, која во пандемијата потфрли катастрофално и за тоа треба да се види зошто.

– Занзибар досега има три позитивни случаи и нема починати, а Танзанија има 509 случаи и 21 починат. Бројките се тие, колку тие и да ги кријат. Кога ќе ги соберете С. Америка, цела Европа и Јужна Америка имаат 14 пати поголема смртност – посочи микробиологот  Пановски.