Епидемиологот д-р Никола Пановски, смета дека според бројот на хоспитализирани, а секако не се хоспитализираат луѓе без потреба во вакви пикови, можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од Ковид-19.
Во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека процентот на смртност поради корона вирусот, кој воедно не се кажува јавно, изнесува околу 30 проценти до сега воопшто не се намалил, поради тоа што кај нас не се најде соодветен лек и пациентите се лекуваат на исти начин како и за време есенскиот пик.
„Никогаш не е кажан, меѓутоа се слушна процентот на починати на на, можеби најдобрата заедно со, инфективната и „8 септември“, ковид центар на интерните клиники од координаторот професор Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики од други луѓе што анализираат, процентот на смртност е околу 30 проценти. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500 рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше наесен и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи на на хоспитализираните пациенти“, истакна Пановски.
Пановски очекува бројот на смртни случаи да го достигне пикот околу 20 април кога се очекува дневно да имаме и по над 60 лица кои ќе ја загубат битката со вирусот.
„За жал, бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот на новооткриени случаи. Ако пред некој ден имавме некој пик од 1500 или сме на тоа ниво или пак деновиве ќе го достигнеме, би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна. Односно, ако просекот од последниве денови е 40, за жал се очекува да оди и над 60 кога ќе биде пикот. Да реќеме ако денска е трети, пикот на смртни случаи би бил околу 20 април, при што може да се очекува потоа бројот на смртни случаи да паѓа, прво бројот на ново заразени потоа и на смртни случаи“ истакна Пановски
Додаде дека првите две недели бројот на смртни случаи не го следеше бројот на ново заразени, при што бројот на смртни слиуча се држеше на 20 дневно, кој вели дека, како што кажуваат епидемиолозите и од другите градови или сме во пикот или пак сме блиско до пикот. Но, за жал, додаде Пановски, не се ублажи овој пик