Папата Франциск доаѓа во Скопје, на молитвата на стадион се очекуваат 40-50 илјади луѓе

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, ќе го посети Скопје на 7-ми мај годинава, а  веќе е позната неговата агенда во главниот град.

Папата ќе одржи молитвена литургија на скопскиот градски стадионот „Филип Втори“, каде што се очекува 40 до 50 илјади луѓе да присуствуваат нна посетата.

„Тој ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, каде што очекуваме да бидат присутни 40-50 илјади луѓе. Потоа ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза, каде што на врвот има црква, и ќе одржи молитва“, изјави Ариан Аслани, директор на спомен куќата „Мајка Тереза“.

Папата Франциск во Македонија ќе дојде од Бугарија, каде што ќе биде во периодот од 5 до 7 мај и ќе ja посети Софијa.