Папата Франциск изјави дека сака да им даде на жените повеќе позиции на највисоките нивоа во Светата столица и откри дека за прв пат ќе назначи жени во досега целосно машкиот ватикански комитет кој му помага да избира бискупи ширум светот.
Улогата на жената во хиерархијата на Ватикан беше една од многуте црковни и меѓународни теми за кои разговараше 85-годишниот папа во ексклузивно интервју за Ројтерс, одржано на 2 јули во неговата резиденција во Ватикан.
Новиот устав за централната администрација на Светата столица, кој стапи на сила минатиот месец, дозволува секој крстен католик, вклучително и лаици, да раководи со повеќето одделенија во Ватикан.
„Отворен сум да им дадам шанса (на жените)“, рече тој во дел од 90-минутното интервју во кое разговараше за новиот устав на централната администрација, познат како Римска курија.
Тој напомена дека минатата година за прв пат назначил жена на втората позиција во раководството на Ватикан, со што сестра Рафаела Петрини станала највисоко рангирана жена во најмалата земја во светот.
„Две жени ќе бидат назначени за прв пат во комитетот што избира епископи за Конгрегацијата за епископи“, рече тој.
Чекорот, кој официјално не е објавен, е исклучително важен бидејќи жените ќе имаат право на глас при назначувањето на владиците во светот, а тоа се мажи.
„На овој начин работите малку се отвораат“, рече тој.