Папата Фрациск денеска ги повика католиците да се молат заедно со него на интернет, објави ДПА.
Поглаварот на Римокатоличката црква ја презентираше мобилната апликација „ClickToPray“ (кликни за да се помолиш). Тоа ќе биде официјалната мобилна апликација, односно интернет-платформата на папата, соопшти Ватикан. Кога ќе се одбере опцијата „Да се помолиме со папата” на мобилната апликација, верниците ќе можат да се информираат за што ќе се моли папата во актуелниот месец. Опцијата „Да се помолиме со мрежата” е „простор, каде корисниците (меѓу кои и папата Франциск) ќе можат да си ги споделат молитвите едни со други”, се наведува во соопштението.
Од Ватикан додаваат дека целта е да се создаде платформа која ќе овозможи на луѓето да се придружат во мисијата за сочувствителност на папата. Покрај „Кликни за да се помолиш“, Франциск има профили и на Твитер и Инстаграм.
82-годишниот папа сепак постојано предупредува дека користењето на социјалните мрежи крие опасност да доведе до намалување на реалната комуникација меѓу луѓето, забележуваат светските агенции.