Папата Франциск: Не можете ни да го замислите пеколот во кој живеат мигрантите

Папата Францис го осуди „незамисливиот пекол“ во либијските мигрантски кампови за време на денешната миса одржана на седум годишнината од посетата на сицилијанскиот остров Лампедуза, каде се сретна со мигрантите кои криумчарени со бродови пристигнале од Либија.

Тогаш тоа беше неговиот прв престој надвор од Рим од кога беше избран за папа и го одбележа почетокот на неговите чести апели да се запре „глобализацијата на индиферентност“ со која мигрантите се среќаваат ширум светот.

Тој апел папата денеска одново го повтори за време на мисата во хотелот во Ватикан во кој живее.

Иако годишнината од посетата на Лампедуза минатата година беше одбележана со миса во Базиликата Свети Петар, со присуство на баратели на азил и оние кои се грижат за нив, оваа година свеченоста е одржана со намален обем поради пандемијата со корона вирус.

„Не можете да го замислите пеколот во кој мигрантите живеат“, рече папата Франциск говорејќи за мигрантските кампови кои ги опиша како логори.