Папата Франциск се сретна со семејството на основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж

Поглаварот на Римокатоличката цкрва папата Франциск во петокот ја прими во аудиенција сопругата на Џулијан Асанж, основачот на интернет ресурсот WikiLeaks, кој е затворен во Велика Британија и води правна битка да не биде екстрадиран во САД каде што му се заканува повеќедецениска затворска па можеби и смртна казна.

„Светиот Отец ја прими г-ѓа Стела Асанж во аудиенција со членовите на семејството“, се вели во соопштението на Ватикан, без дополнителни детали.

Стела Асанж води кампања за ослободување на нејзиниот сопруг, но Ватикан не соопшти дали за тоа било разговарано на состанокот или дали Францис изразил каква било поддршка за напорите. Портпаролот на Ватикан рече дека аудиенцијата на папата е приватна работа.

Во мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама кога потпретседател беше актулениот претседател Џо Бајден, САД подигнаа обвинение по 18 точки, кои се однесуваат на објавување доверливи информации за американските воени операции на Блискиот исток а кои се однесуваат и на сокриени извештаи за цивилни жртви, како и на доверливата коресподенција на американската дипломатија која откри многу непријатни забелешки за бројни светски челници, вклучително и за американските сојузници.

Американското правосудство го обвинува Асанж за шпионажа, во случај да биде осуден за тоа дело, му се закануваат до 175 години затвор. Асанж се товари дека заедно со поранешниот американски војник кој подоцна го смени полот и сега се вика Челзи Менинг, украл строго доверлив таен материјал за воените операции на САД во Ирак и во Авганистан, и со нивното објавување го довел во опасност животот на американските информатори.

Поддржувачите на Асанж сметаат дека обвинителството е политички мотивиран напад врз новинарството и слободата на говорот. Во него гледаат истражувачки новинар кој извел на виделина воени злосторства, и тврдат дека со неговиот случај се сака да се замолчат критичките истражувачки новинари.

Ресурсот WikiLeaks стана глобално познат откако во 2010 година објави скриено видео на американската војска кој прикажува напад на борбен хеликоптер од типот „Apache“ во иранската престолнина Багдад во 2007 година, во кој загинаа десетици лица, вклучително и двајца новинари на агенцијата Reuters. Потоа следуваа и објавите на стотици илјади документи за воени операции и дипломатски депеши, кои открија непријатно забелешки и подбивањеа на дипломатите на САД кон светските челници, вклучително и американските сојузници.