Папата Франциск рече дека војната во Украина ќе биде „лудост“ и изрази надеж дека тензиите може да се надминат преку мултилатерален дијалог
Говорејќи на генералната аудиенција, Папата им се заблагодари на сите кои учествуваа на Меѓународниот ден на молитвата за мир во Украина на 26 јануари.
„Продолжуваме да му се молиме на Бога за мир тензиите и заканите за војна да бидат надминати преку сериозен дијалог и дека преговорите во нормандиски формат придонесуваат за таа цел“, рече папата, мислејќи на разговорите Русија-Украина со посредство на Германија-Франција.
„И да не заборавиме. Војната е лудост“, рече тој.
Русија распореди стотици илјади војници во близина на границите на Украина, но негира дека планира напад. Повеќето Украинци се православни, но има и огранок на Католичката црква во земјата што практикува источен обред сличен на православниот и е лојален на папата во Рим.
Водачот на украинските католици од источниот обред вчера изјави дека го поканил папата да ги посети со надеж дека големиот гест ќе придонесе за мирот, објави Еуроњус.